Нови рекордни цени на златото

фото: EPA/EFE/YONHAP

Со надминувањето на нивото од 1.400 долари за унца, цената на златото ја достигна највисоката цена во последните шест години.

Причината за промената на вердноста на овој метал е резултат на слабеењето на доларот, загриженоста за економијата и геополитичките тензии. Побарувачката за благородни метали нагло се зголеми откако Федералните резерви на САД во средата објави дека наскоро најверојатно ќе ги намали клучните каматни стапки по 10-годишна пауза.

По ваквиот сигнал, доларот загуби од својата вредност, а тоа се совпадна со олеснувањето на монетарната политика на централните банки ширум светот за да се поттикне економскиот раст.

Инвеститорите од целиот свет стравуваат дека економијата би можела да стане уште послаба во услови на трговска војна меѓу САД и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот