НОВИ РАЦИИ ВО АТИНА: Властите иселија 143 мигранти

Мигранти / Фото: EPA/Bienvenido Velasco

Властите во Атина иселија 143 странски државјани, од кои 56 биле малолетни, пренесуваат тамошните медиуми.

Според полицијата, во новата рација пронајдени се 61 маж, 26 жени и 56 деца од разни земји – Египет, Авганистан, Еритреја, Ирак, Сирија, Иран и Судан, кои живееле во таа зграда повеќе од четири години.

Полицијата задржала 10 мигранти зашто немале документи за престој во Грција, а преостанатите ќе бидат пренесени во прифатни центри.

Грчките власти на 19 септември иселија мигранти од две згради во централниот дел на Атина во кои четири години живееле 269 мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот