Нови протести во Русија против мобилизацијата

Фото: МИА / илустрација

Активистите за граѓански права соопштија дека денеска во Русија се приведени неколку лица за време на новите протести како одговор на мобилизацијата на армиските резервистите да се борат во Украина.

Според фотографии и видеата објавени од независни медиуми демонстрантѕи се приведени во Хабаровск, Новосибирск, Иркутск, Томск и Чита во Сибир. Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Ние не сме месо”.

За денеска се планирани протести и во Москва и во Санкт Петербург.

Протестите во Русија почнаа по наредба на рускиот претседател Владимир Путин да се мобилизираат армиските резервисти, седум м есеци од почетокот на војната во Украина. На првите протести што се одржаа на 21 септември, истиот ден од прогласувањето на мобилизацијата, според порталот за граѓански права ОВД-Инфо, приведени се повеќе од 1300 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот