Нови промени во Милан: Ибрахимовиќ ја завршува кариерата!?

фото: твитер

На неговата одлука влијаеја и конфликтите во врвот на клубот и смената на Звонимир Бобан, кој беше еден од најзаслужните за неговото враќање во Милано.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Швеѓанецот донесе конечна одлука за завршување на една голема и успешна професионална фудбалска кариера. После тоа Златан сака да започне кариера и како тренер.

Прекината е сезоната во Серија А поради епидемијата на коронавирусот, па неизвесно кога ќе продолжи и заврши.

Доколку сезоната продолжи, Швеѓанецот ќе ги исполни обврските во Милан до крајот на сезоната, но нема да се активира клаузулата од договорот, која остава можност за продолжување на соработката за уште една година.

На неговата одлука влијаеја и конфликтите во врвот на клубот и смената на Звонимир Бобан, кој беше еден од најзаслужните за неговото враќање во Милано.

Златан не сака повеќе да соработува со директорот на клубот, Иван Газидис, па планира нови чекори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот