Нови промени на „Камп Ноу“: Абидал доби отказ!

фото: fcbarcelona.com

После заминувањето на досегашниот тренер Кике Сетиен, денеска нови промени се случуваат во фудбалскиот клуб на Барслеона.

Екипата од „Камп Ноу“ денеска ја информираше јавноста дека е постигната согласност за завршување на договорот со Ерик Абидал.

Барселона доби нов тренер, Куман ќе ги напушти „лалињата“ за да го гаси пожарот на „Камп Ноу“

Поранешниот играч на каталонската екипа, во Барса ја имаше функцијата на спортски директор чии одлуки за трансфери беа сериозно критикувани.

Лошата атмосфера во клубот, но и во управата продолжува после понижувачката елиминација во ЛШ од Баерн (8:2), Сетиен веќе го напушти тимот, а се најавува доаѓање на неговиот наследник, Роналд Куман.

Воедно се очекуваат и вонредни избори ова лето, една година пред предвидениот рок. Останува да се види што ќе се случуваат и со останатите играчи, кои веќе се поврзуваат со други клубови, а во центарот на вниманието е и Лионел Меси кој има договор со Барселона до 30 јуни 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот