Нови проблеми за тенисот: Откажан турнирот во Вашингтон

Фото: EPA-EFE/PETE MAROVICH

Сити Опен, првиот турнир во календарот на АТП за продолжување на сезоната кој беше планирано да се одржи во средината на наредниот месец е откажан поради пандемијата на коронавирусот.

Најавите дека дека е можно одложување на рестартот на тениската сезона, денеска се обвистинија бидејќи првиот турнир кој е во календарот на АТП, Сити Опен во Вашингтон е откажан.

Оваа вест ја потврди директорот на турнирот Марк Ејн кој смета дека пандемијата на коронавирусот е преголем предизвик и најдобро е да не се ризикува.

– Има премногу работи кои не успеавме да ги решиме во организацијата вклучувајќи ги и меѓународните рестрикции и забрани за патувања, а се појавија и други безбедносни процедури и сето тоа не натера да донесеме одлука за откажување на турнирот. Сметам дека ова е коректна одлука кога станува збор за тенисерите, нашите партнери и спонзорите бидејќи во овие денови здравјето и безбедноста мораат да бидат приоритет број еден за сите – изјави Ејн.

Оваа одлука на организаторот на Сити Опен, турнир кој е од серијата АТП 500 може да влијае и на одржувањето на УС Опен кој е предвидено да се игра од 31 август до 13 септември.

Засега нема најави за откажување на грен слем турнирот во Њујорк, но доколку бројот на заболени од коронавирус во САД продолжи да се зголемува во наредниот период, се чини дека и тој турнир ќе биде пред откажување.

Рестартот на тениската сезона сега е поместен за една недела, поточно за 22. август кога започнува Мастерсот во Синсинати но тој ќе се игра на терените во Њујорк каде подоцна треба да се одржи и УС Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот