Нови проблеми за Реал: Јовиќ позитивен на коронавирус!

Фото: twitter/RMOnly

Напаѓачот на најдобрата српска репрезентација, Лука Јовиќ е позитивен на коронавирус, денеска објави неговиот клуб Реал Мадрид. Јовиќ го доби позитивниот резултат после враќањето од репрезентативната пауза, а ова е нов проблем за тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан.

Во наредните неколку важни натпревари од „Ла Лига“ и Лигата на шампионите, францускиот стратег не може да смета и на искусниот дефанзивец, Серхио Рамос.

– Реал Мадрид ја известува јавноста дека нашиот фудбалер Лука Јовиќ доби позитивен резултат на тестот на ковид-19 направен во петокот наутро – стои во соопштението на мадридскиот клуб.

Србинот и натаму се мачи да дојде до правата форма која ја имаше во Ајнтрафт Франкфурт од каде се пресели на „Сантјаго Бернабеу“ за 60 милиони евра минатата година. Од доаѓањето постигна само два гола, а во сезоната 2020/21 и натаму нема реализирано погодок.

Со српската селекција успеа изминатиот период да постигне три гола, еден против Шкотска во баражот од квалификациите за Европското првенство, и уште два во убедливата победа над Русија во УЕФА Лигата на нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот