Нови проблеми за организаторот, уште двајца спортисти од олимпиското село позитивни на корона

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Организаторот на Олимписките игри во Токио дееска соопшти дека уште четири лица кои се наоѓаат во олимпиското село, од кои двајца се спортисти, се позитивни на коронавирус.

Како што се наведува, позитивни на коронавирус се холандската скејтбордерка Кенди Џејкобс и чешкиот пингпонгар Павел Сиручек кои ќе го напуштат олимпиското село и ќе одат во карантин.

Од почетокот на јули, вкупно 91 акредитирано лице за Олимписките игри било позитивно на коронавирус.
Свечената церемонија на отворањето на Олимписките игри ќе се одржи утре со почеток од 13 часот, а дел од натпреварите веќе започнаа, во софтбол и на машкиот и жеснкиот фудбалски турнир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот