Нови проблеми за организаторот на ОИ, волонтерите се откажуваат поради коронавирусот

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Организаторот на Олимписките игри во Токио се соочува со големи проблеми бидејќи голем број волонтери исплашени од коронавирусот се откажуваат.

До стартот на Олимписките игри во Токио има уште точно 50 дена, но се проценува дека бројот на волонтери кои се откажаа се движи од 10.000 до 80.000. Според планот на организаторот, само мал број на волонтери ќе се вакцинираат против короинавирус бидејќи нема да имаат директен контакт со спортистите.

Токму вакцинацијата претставува најголем проблем за јапонските власти бидејќи само три проценти од вкушното население се вакцинирани. Од друга страна, Меѓународкиот олимписки комитет (ИОК) очекува дури 80 проценти од учесниците и лицата кои ќе бидат во олимпиското село да бидат вакцинирани.

– Не ги утврдивме поединечните причини. Покрај загриженоста поради коронавирусот, некои од волонтерите се откажаа бидејќи сфатија дека ќе биде тешко постојано да се тестираат по смените како и поради промената на начин на жизот со своите најблиски – соопшти организаторот.
Засега организаторите на Игрите во Токио ја отфрлаат можноста за одложување на истите, иако јапонската јавност е противник на Олимписките игри.

Волонтерите се клучна за организацијата на Олимписките игри, а се проценува дека организаторот на име на нивнни услуги ќе заштеди неколку милиони долари. Една студија која е правена за волонтерите на ОИ 2009 година кои се одржаа во Сиднеј, покажа дека 40.000 волонтери за организаторот му заштедиле дури 60 милиони долари. Олимписките игри во Токио треба да започнат на 23. јули и ќе траат се до 8. август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот