Нови проблеми за Меси, ќе го пропушти „Ел Класико“?!

epa08604377 Lionel Messi of Barcelona in action during the UEFA Champions League quarter final match between Barcelona and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 14 August 2020. EPA-EFE/Rafael Marchante / POOL

Најголемото фудбалско дерби, популарното „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, лесно може да се случи да се игра без еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси.

Според календарот на Ла Лига, големото дерби е предвидено да се игра на 25 октомври на „Камп Ноу“ но поради тврдиот став на ФИФА, можно е тоа да помине без Меси.

Причината за тоа се квалификациите за СП 2022 година кое треба да се одржи во Катар, а Меси и аргентинската репрезентација наредниот месец ги очекуват натпревари против Боливија и Еквадор.

Јужна Америка во моментов е најпогодена од пандемијата на коронавирусот, па поради тоа шпанската влада има одлука сите лица кои доаѓаат од овој континент мора да поминат 14 дена во карантин и тоа без исклучок.

Поради ваквата одлука, но и тврдоглавоста на ФИФА која инсистира да не се одложуваат квалификациите за СП 2022, многу шпански, но и европски екипи се заканија дека нема да ги пуштат своите фудбалери да играат во квалификациите и ризикуваат да влезат во војна со светската фудбалска федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот