Нови проблеми за Барселона, фантастичниот тинејџер бара десет пати поголема плата

epa07849414 Barcelona's Ansu Fati in action during the UEFA Champions League group F soccer match between Borussia Dortmund and FC Barcelona in Dortmund, Germany, 17 September 2019. EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Каталонскиот клуб ги прекина преговорите со Ансу Фати за нов договор.

Стартот на новата сезона на Барселона го одбележа тинејџерската сензација, 17-годишниот Ансу Фати кој во победата од 4:0 над Виљареал постигна два гола.

Фати стана најмладиот фудбалер кој во петте најсилни лиги постигнал 10 гола во сите натпреварувања со што најави спектакуларна кариера.

Навивачите на Барселона токму во Фати ги гледаат наследникот на Лионел Меси кој летово сакаше да си замине од „Камп Ноу“, но денешните пишувања во шпанските медиуми им ја тргнаа насмевката.

Ансу Фати со тоа што стана стандарден првотимец, Барселона автоматски му го продолжи договорот и ја активира новата откупна клаузула во договорот која изнесува 400 милиони евра.
Бидејќи сè уште е малолетен не смее да потпише подолг договор од две години, актуелниот му трае до јуни 2022 година.

На 31. октомври Ансу Фати ќе стане полнолетен и ќе има право да потпише нов договор, Барселона му нуди зголемување на платата од досегашните 300.000 евра на еден милион евра годишно. Но, тоа не му се допаѓа на тинејџерот, одбива да потпише нов договор и бара многу повеќе пари. Ансу Фати бара дури 10 милиони евра годишно.

Марка: Барселона одби 150 милиони евра за Ансу Фати!

Причина за ваквото мегаломанско барање на фудбалерот е тоа што Манчестер јунајтед во текот на летото понуди 150 милиони евра обесштетување, а на фудбалерот му гарантираше плата токму од 10 милиони евра, но Барселона експресно го одби овој предлог.

Поради тоа, младиот фудбалер не се согласува со понудата од еден милион евра годишно и клубот ги стопира преговорите бидејќи наскоро треба да се одржат претседателски избори во Барселона по што новата управа ќе ја презеде обврската да потпише договор со фантастичниот тинејџер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот