Нови проблеми во Барселона, отпишаните Суарез, Алба и Бускетс не сакаат да си одат

фото:твитер

Новиот тренер се соочува со големи проблеми во пресрет на новата сезона.

Роналд Куман неочакувано го започна мандарот како тренер на Барселона, Лионел Меси во директен разговор му кажа дека повеќе не сака да игра за Барселона поради се што се случуваше во клубот изминатата сезона како и лошата трансфер политика на челниците на екипата.

Поради тоа Куман започна забрзано да работи за да може да спаси тоа што остана и е подготвен викендов да има разговор со Жерар Пике за да му ја објасни неговата визија за Барселона. Пике кој изминатите години е еден од столбовите на одбраната на тимот, но по катастрофалниот пораз од Баерн Минхен во ЛШ, тој прв јавно изјави дека е подготвен да си оди.

Жерар Пике

Но, Куман не планира да го пушти и за разлика од Луис Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс кои добија дозвола да си бараат нова средина, Пике ќе остане меѓу недопирливите заедно со Марк Андре Тер Штеген, Френки де Јонг, Осман Дембеле, Антоан Гризман и Клемен Ленгле заедно со тинејџерите Ансу Фати и Рики Пуич.

Радио Каталонија тврди дека Пике ќе се согласи да остане во Барселона и да биде еден од менторите на младите фудбалери.

На Куман далеку поголеми проблеми ќе му направат ветераните Суарез, Алба и Бускетс кои веќе се побунија поради одлуката на новиот тренер дека можат да си заминат од „Камп Ноу“. Ова може да претставува дополнителен проблем бидејќи тројцата фудбалери се едни од најдобрите пријатели на Меси со што се зголемува шансата за Аргентинецот да си замине доколку и тие ја напуштат екипата.

Суарез има договорот до идното лето, а Ајакс веќе понуди 15 милиони евра за Уругваецот, додека Бускетс и Алба имаат договори до 2023 односно 2024 година со што се отежнуваат плановите на Куман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот