Нови проблеми, се повреди и Велкоски

twitter.com/MacedonianFoot

Напаѓачот Крсте Велкоски се здобил со повреда на еден од тренинзите на најдобрата македонска репрезентација и нема да му биде на располагање кај селекторот Игор Ангеловски за важните евро квалификациски мечеви против Словенија и Полска.

Еден од најдобрите стрелци на Сараево каде што ја носи и капитенската лента, има повреда на мускул во задната ложа и според првичните најави ќе паузира околу три недели.

Освен што ќе го пропушти октомврискиот циклус на репрезентативни обврски, нема да настапи за својот клуб против Челик во босанската премиерлига.

Не е познато дали дополнително ќе биде повикан некој напаѓач во репрезентацијата. Моментно во офанзивниот дел ги имаме Горан Пандев, Александар Трајковски, Илија Несторовски, Иван Тричковски и Влатко Стојановски.

Да потсетиме, двата претстојни натпревари поради повреда ќе ги пропушти Енис Барди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот