Нови предупредувања откако пожарите предизвикаа катастрофа од невидени размери во Австралија (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/DARREN PATEMAN

Австралиските власти предупредија дека огромни шумски пожари се уште пустошат во две сојузни држави и продолжуваат да бидат закани за жителите, и покрај тоа што претходно беше известено дека „катастрофалната“ состојба се смири, пренесе Би-Би-Си.

Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Околу 150 пожари се уште горат во Нов Јужен Велс и Квинсленд, користејќи го сувото време. Педесет куќи се уништени во НЈВ но немаше жртви, рекоа официјалните лица. Во еден момент, беше пријавено дека избувнале пет различни пожари во предградијата на Сиднеј.

Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Заканата за Нов Јужен Велс беше намалена од катастрофална – највисокото ниво – но официјалните лица ги повикаа ѓраѓаните да останат внимателни.

– Го добивме најлошото од летото, а се уште тоа не е започнато – рече комесарот на руралните противпожарни служби Шејн Фицсимонс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот