Нови правила за живот со ковид-19: Спортистите ќе се тушираат дома, ќе носат шише за вода со име ќе им се мери температура пред тренинг!

Улична уметност во Скопје, инспирирана од борбата со коронавирусот / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

За петмина спортисти на отворен простор да бидат обезбедени сто квадратни метри простор, предвидува новиот протокол за тренинг во поединечни спортови што го усвои владата на предлог на Комисијата за заразни болести.

Пред почетокот на тренингот организаторот е должен да им измери температура на спортистите и ако има некој со повишена температура, да го испрати дома.

На спортистите им се наложува да доаѓаат на тренинг веќе пресоблечени во опрема, на секое шише за вода да си го имаат испишано името за да не го „утнат“ шишето и што помалку да ги користат соблекувалните, како и да се возат во сопствени возила.

Новите правила наложуваат и туширањето да се остави за дома.

,,По завршување на тренингот спортистите и тренерот заминуваат дома поединечно без туширање и без влегување во соблекувалните почитувајќи ги мерките за физичко растојание, еден по еден”, се наведува во Протоколот за тренинг на спортисти во поединечни спортови.

Во обложувалниците пак, маски мора да носат и вработените и присутните играчи во просторијата.

На масите смее да има само 2 столчиња, шанковите да не служат пијалаци, на шалтер да има само еден играч, а следниот да чека на два метри растојание.

Сите обложувалници мора да имаат дезинфекциско средство и на влезот и на секој уплатен штанд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот