НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ЖИВО НА ФЕЈСБУК: После масакрот во Нов Зеланд се воведуваат поостри мерки!

Фејсбук ги заострува правилата за вклучување на пренос во живо за своите корисници, воочи состанокот на светските лидери со цел сузбивање на онлајн насилството после масакрот во неколку џамии во Нов Зеланд.

Фејсбук соопшти дека воведува нова политика за користење на услугите на оваа опција, привремено ограничувајќи им го пристапот на лицата кои се соочиле со дисциплински постапки за кршење на најсериозните правила на компаниите на кое било место на сајтот.

Корисниците кои еднаш ќе бидат суспендирани, ќе им биде оневозможено да ја користат опцијата за вклучување на одреден временски период, пренесе компанијата.

Фејсбук не соопшти за кои кривични дела ќе може да се добие суспензија или колку долго ќе трае таа, но портпаролката на компанијата истакна дека, според новите правила, напаѓачот кој усмрти 51 лице во пукање во две џамии во Крајстчрч не би можел да ја користи опцијата за вклучување во живо на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот