Нови правила во Париз: Задолжително носење маски на отворено

Ковид состојба во Париз, Франција/ Фото EPA-EFE/IAN LANGSDON

Во Париз повторно е во сила одлуката за задолжително носење заштитни маски на јавните собири на отворено поради скокот на стапката на зараза со корона вирусот во француската престолнина, соопшти денеска полицијата.

Во соопштението се додава дека маските ќе мора да се носат на собири на јавни места, на фестивали и манифестации, на пазар и кога граѓаните стојат во ред, пренесува Ројтерс.

Франција со денови бележи околу 33.000 нови случаи на коронавирусот, а властите се обидуваат да го потиснат ширењето на петтиот бран на епидемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот