Нови позитивни случаи на ковид-19 го одложија и дуелот со Естонија!

фото: КФСМ

Машката сениорска репрезентација на Македонија се враќа дома, за Скопје, без да одигра ниту еден од двата најавени квалификациски натпревари за ЕП во „балонот“ во Талин, Естонија.

Раководството на нашиот национален тим од официјалните лица на ФИБА присутни во Талин е известено дека во овој момент најдобрите македонски кошаркари не се подготвени за натпреварување.

И согласно со тоа, одложен е и вториот меч, оној кој утре од 19.30 часот требаше да го одиграме против Естонците. Како причина во соопштението на ФИБА се наведува зголемениот број на заразени членови на македонската делегација во главниот град на Естонија.

Одложен натпреварот Македонија – Италија

И согласно со протоколот за ковид-19 на ФИБА, во наредниот период ќе биде одлучено кога ќе се одиграат одложените дуели. Многу е веројатно дека мечевите со Италија и Естонија ќе бидат презакажани за следниот квалификациски „прозорец“ на ФИБА, во февруари, 2022 година.

Во меѓувреме, играчите, стручниот, лекарскиот тим, и раководството на нашата федерација веќе ги почнаа со подготовките за враќање во Скопје.

По консултациите со ФИБА и со здравствените авторитети во Талин околу транспортот на лицата кај кои е утврдено присуството на ковид-19, ќе биде направен и планот за враќање дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот