Нови построги мерки во Турција: Ердоган ги укинува сите меѓународни летови

Аеродромот во Истанбул / Фото архива

Граѓаните кои сакаат да го напуштат местото на живеење и да патуваат мора да се јават во Одборот за патни дозволи при канцеларијата на локалниот гувернер.

Во Турција од полноќ ќе стапат на сила нови мерки во борбата против коронавирусот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сите меѓународни летови ќе бидат укинати и дека целиот меѓуградски сообраќај ќе се одвива исклучиво со посебни дозволи издадени на патниците. Ова се однесува на патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека граѓаните не смеат да го напуштат местото на живеење и дека ќе им биде дозволено да го сторат тоа само со одобрение од лекар, во случај на смрт на близок член на семејството или ако немаат сместување.

Граѓаните кои сакаат да го напуштат местото на живеење и да патуваат мора да се јават во Одборот за патни дозволи при канцеларијата на локалниот гувернер.

На сите автобуски станици ќе биде распореден медицински персонал за да спроведува рутинска контрола на работниците и патниците.

Турското Министерство за здравство вчера соопшти дека во наредните три месеци сите медицински работници, и во јавниот и во приватниот сектор, имаат забрана да дадат оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот