Нови поскапи цени за дизелот и Еуросупер БС-98

Од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар малопродажната цена на дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и Еуросупер БС-98, додека нема промена на цената на Суросупер БС-95.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на Еуросупер БС-95 останува 67 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,50 денари, на Еуродизелот 60,50 денари, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 33,237денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,144 отсто или за 0,85 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,846 отсто или 10,20 долари, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 1,896 отсто или за 10,25 долари и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,322 отсто или за околу 1,25 долари.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,68 денари и е за 0,504 отсто повисок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот