Нови петмина заразени и еден починат од коронавирусот денеска во Косово

 Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека денеска се потврдени нови пет случаи на заразени од новиот коронавирус, со што официјалната бројка на носители на Ковид-19 во земјата достигна до 170, јави дописникот на МИА од Приштина.

Новите заразени се дијагностицирани со позитивен наод откако се јавиле во службата за итна помош во Клиничкиот и универзитети центар на Косово, а еден од нив, жител на Урошевац бил примен во тешка здравствена состојба. Посмртно е утврдено дека бил заразен од Ковид-19. По еден од останатите четири случаи кои денеска се дијагностифицирани како носители на вирусот се од Малишево, Приштина, Гњилане и Ѓаковица.

Со денешниот смртен случај, бројката на жртви на епидемијата во Косово, од појавувањето на првиот заразен на 13 март, достигна до четири, при што, според официјални информации, сите од нив страдале и од други тешки болести.

Според последното соопштение на ИШПК, денеска во неговата лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 13 лица од Инфективната клиника во Приштина за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот. Вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 2.106.

Oд појавата на првите заразени, на 13 март, досега како излечени од коронавирусот се потврдени 24 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот