Нови пет дена за поднесување на барања за субвенции во земјоделството

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите земјоделски стопанства дека донесен е нов рок за поднесување на барања за директни плаќања. Новиот рок е донесен од страна на Владата на Република Северна Македонија а е утврден согласно  дополнетата Уредба за директни плаќања.

Ова значи дека сите земјоделци кои во претходниот рок не успеале да поднесат барања за директни плаќања за 2020 година, истото ќе може да го сторат веќе од денеска па се до 30- ти  септември.

Барањата за добивање на финансиска поддршка како и претходните години и овој пат се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, појаснува дека како и досега и овој пат  земјоделците кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

-Апликантите да го запазат новиот дополнителен рок а при поднесување на барањата да проверат дали во барањата ги пријавиле сите култури кои ги одгледуваат и дали им се впишани сите мерки за кои бараат финансиска поддршка. Доколку некој од земјоделците увидат дека направиле пропуст или пак ако увидат потреба од измена заради не соодвествување со фактичката состојба, барањата може да го повлечат или да го изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето- апелира директорот Бабовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот