Нови Пазар противник по мерка за продолжување на победничката серија

фото: КК МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва (19 ч.) го пречекуваат Нови Пазар во рамките на 10. коло од АБА2-лигата. „Металците“ ќе се обидат да дојдат до третата победа по ред.
– На гости ни доаѓа искусен противник, кој на последните пет средби постигнува 90 и повеќе поени. Клуч на нашата евентуална победа сигурно ќе биде колку добро одиграме во одбраната. Мислам дека добро ги спремивме кошаркарите за оваа пресметка и со максимална ангажираност и помош од трибините се надевам на позитивен исход – вели тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот