Нови откритија во Помпеја: Најдени сочувани остатоци на двајца мажи, едниот бил роб, другиот од повисокиот сталеж

Profimedia

Археолозите пронашле добро сочувани тела од двајца мажи кои настрадале во вулканската ерупција што го уништи древниот римски град Помпеја, соопшти италијанското Министерство за култура.

Profimedia

Едниот маж најверојатно бил од повисок општествен статус, на возраст меѓу 30 и 40 години и на него останале зачувани делови од волнената наметка.

Другиот маж е помлад, на возраст меѓу 18 до 23 години, и бил облечен во туника. Кај него се забалежени оштетувања на рбетниот столб, а неколку пршлени му биле скршени. Се претпоставува дека бил роб и морал напорно да работи.

Profimedia

Остатоците се пронајдени во подземна просторија во Чивита Џулиана, 700 метри северозападно од центарот на Помпеја.

Забите и коските од мажите се добро сочувани, а во празнините во кои било мекото ткиво е ставен гипс, кој подоцна овозможил појасно да се видат контурите на телото.

Profimedia

Директорот на археолошкото наоѓалиште Масимо Осана рекол дека тие починале од термален шок, што се забележувало и по стиснатите стапала и дланки.

Веројатно овие две жртви сакале да се засолнат од пирокластичниот бран“, рекол Осана.

Во Помпеја, 23 км југоисточно од Неапол, во времето на ерупцијата живееле околу 13.000 луѓе.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот