Нови одмазнички закани од Иран за смртта на генерал Сулејмани

Фото: EPA-EFE/MID

Командантот на иранската Револуционерна гарда, Хосеин Салами денеска се закани со одмазда кон сите кои се вмешани во ликвидацијата на генералот Касим Сулејмани. Како што е објавено на интернет-страницата на Револуционерната гарда, Салами во пораката испратена до американскиот претседател Доналд Трамп најавува дека иранска одмазда поради „маченичката смрт” на генералот ќе биде „очигледна, сериозна и реална”.

Претходно, Трамп се закани дека САД жестоко ќе одговорат на каков било обид на Иран да се одмазди за смртта на генерал Сулејман, истакнувајќи оти Вашингтон ќе возврати „илјада пати посилно”.

Изминатите денови се појавија наводи дека Иран планирал атентат врз америкаснката амбасадорка во Јужна Африка, Лана Маркс, но Салами ги демантираше таквите тврдења.

– Дали мислите дека за маченичката смрт на својот брат ќе возвратиме така што ќе нападнеме амбасадор што е жена? – Ќе ги нападнеме оние кои имаа директна и индиректна улога. Треба да знаете дека на удар ќе се најде секој што имал улога во случувањето и ова е сериозна порака, истакна Салами во пораката до Трамп.

Иранскиот генерал Сулејмани беше убиен во јануари при напад со американски дрон во Багдад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот