Нови мерки во Србија: Самоизолацијата се продожува на 28 дена, а се укинува и дозволеното шетање на миленици

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Сите мерки за самоизолација се продолжени од 14 на 28 дена, а за викендите забраната за движење е од 15 часот, одлучено е на денешната седница на Владата на Србија.

Најновите мерки за спречување на коронавирусот вкучуваат сите граѓани на Република Србија, како и на странците со дозвола за престој, кои во земјата влегле на 14 март или подоцна, им се продолжува мерката за самоизолација од 14 на 28 дена.

Ова практично значи дека сите кои при влезот во земјата добиле усно или присмено решение за домашна изолација во траење од две недели, изолацијата автоматски продолжува да тече уште две недели. Сите граѓани и странци со дозвола за престој, без исклучок, имаат обврска да го почитуваат продолжениот рок на домашна самоизолација што надлежните органи во следниот период редовно ќе го проверуваат.

Во Србија е изменето и времето на траење на забраната за движење за време на викендите. Граѓаните во сабота и недела ќе мораат да останат во своите домови од 15 часот до 5 часот наутро. Граѓаните кои не се постари од 65 години ќе можат да ги напуштаат своите домови во работните денови и понатаму од 5 часот наутро до 17 часот. Најстарите граѓани можат да ги напуштаат своите домови единствено меѓу 3 и 8 часот наутро, за купување на намирници.

Според експертски анализи, Владата на Србија исто така одлучи да ја повлече одлуката за дозволено шетање на домашните миленичиња во траење од 20 минути меѓу 20 и 21 часот.

Поради тоа што земјата се наоѓа во екот на борбата со заразната болест предизвикана од коронавирусот Ковид-19, одлучено е сите пазари, на отворен и затворен простор, да се затворат на неодредено време.

– Владата на Република Србија ќе продолжи со најголемо внимание да го следи развојот на ситуацијата во врска со вирусот и да ги прилагодува сите мерки, потпирајќи се исклучиво на советите на експертите. Уште еднаш апелираме до сите граѓани да се придржуваат до сите мерки без исклучоци, за сите заедно, што побрзо, од оваа битка да излеземе како победници – стои во соопштението од српската влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот