НОВИ МЕРКИ: Сите кои ќе пристигнат во Пекинг ќе мора да се самоизолираат во траење од две недели

Фото: EPA-EFE/WU HONG

Денешното предупредување на градските власти во Пекинг е дека ќе бидат казнувани сите кои избегнуваат двонеделна самоизолација или не ги почитуваат официјално пропишаните мерки.

Во Пекинг се воведени нови мерки, со кои се обврзуваат сите кои пристигнуваат во кинескиот главен град да се самоизолираат во траење од две недели.

Денешното предупредување на градските власти во Пекинг е дека ќе бидат казнувани сите кои избегнуваат двонеделна самоизолација или не ги почитуваат официјално пропишаните мерки.

Кинеските власти се борат да спречат натамошно ширење на коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 1.300 луѓе.

Весникот „Дневен Пекинг“ го објави соопштението на Работната група за превенција од ширење на вирусот во Пекинг, во кое се наведува дека мерката веднаш стапува во сила и „…се обврзуваат сите кои пристигнуваат во Пекинг да се самоизолираат во своите домови и таму каде што престојуваат или, пак, да направат групна опсервација во траење од 14 дена од доаѓањето во престолнината”.

Секој што пристигнува во Пекинг има обврска однапред да го даде на увид својот план за патување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот