НОВИ МЕРКИ: Нема „стискање“ во кино, ќе се седи преку едно седиште

Profimedia
Фото: Профимедиа

Тимот на кината Синеплекс преку соопштение на Фејсбук ги информираше посетителите дека внимателно го следат развојот на настаните и насоките од Владата и Министерството за здравство за коронавирусот. Затоа, тие во координација со целиот ланец на кина во регионот ќе преземат низа мерки.

„Бројот на посетители во секоја кино сала ќе биде ограничен на 100 лица. Билетите за секое второ седиште ќе бидат во продажба со цел да се обезбеди соодветно растојание меѓу кино посетителите. Филмската програма ќе биде подготвена зсо поголеми временски слотови меѓу проекциите во различни кино сали за да се спречи голема фрекфенција на посетители во исто време во фоајето на киното“, стои во соопштението.

Од Синеплекс додаваат дека вработените работат само го се целосно здрави, хигиената е на повисоко нив, а посочуваат и дека ќе продолжат да ги следат информациите и насоките од одговорните институции.

‼️ Почитувани, пред посета на нашето кино ве молиме почитајте го официјалното известување во врска со препораките на…

Publiée par Cineplexx MK sur Mercredi 11 mars 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот