Нови масовни протести во Хонгконг

Денеска неколку десетици илјади продемократски демонстранти повторно се собраа во центарот на Хонгконг, барајќи поддршка од меѓународната заедница, посебно од САД.

– Упатуваме итен повик до меѓународната заедница да нè поддржи, нема друго решение – повика 24-годишната студентка Чун, учесничка на собирот кој имаше дозвола од полицијата.

Демонстрантите побараа од американските законодавци да донесат закон со кој ќе се дозволат санкции за кинеските лидери.

„Законот за човекови права и демократија во Хонгконг”, кој се очекува оваа недела да го изгласаат американските конгресмени, предвидува годишна проценка на посебниот статус кој САД му го дава на Хонгконг во однос на трговијата, а би можел да вклучи и санкции за кинески функционери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот