Нови книги на „Паблишер“ со современ и препознатлив авторски израз

Македонската книжевна продукција е збогатена со неколку нови и квалитетни книги. Во издание на „Паблишер“ во овој период од печат излегоа пет нови несекојдневни наслови: „Капе времето“ и „Место за бегство“ – две збирки поезија од докажаните поетеси Виолета Танчева-Златева и Вања Изова Велева, еден роман за животот од истакнатиот автор и преведувач Ивица Челиковиќ со наслов „Ден за одмазда“, збирката драми под наслов „Страв“, што е првенче на младиот автор Стефан Миленков, како и дебитантскиот научнофантастичен роман „Овириум (Отаде смртта)“ на Агрон Усеини.

Поетесите Виолета Танчева-Златева и Вања Изова Велева се веќе препознатливи по својот авторски израз, особено по лиричноста на стихот и неконвенционалните метафори, а Ивица Челиковиќ по современите приказни за универзалните проблеми на човекот.

Стефан Миленков храбро и на неповторлив начин го најавува својот влез во книжевноста преку прекрасни, современи и мудри драми податливи за театарската сцена, а Агрон Усеини уште на првата страница освојува со невообичаената фабула и нарација, посочија од „Паблишер“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 113, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 22-23 јануари 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот