Нови истражувања во потрага по нафта на Арктикот

Владата во Осло на аукција ќе стави 136 нови локации за истражување на нафта, од кои 125 се наоѓаат во арктичкото Бененцово море.

И покрај борбата против климатските промени и противењата на здруженијата за животна средина, Норвешка планира големо проширување на нафтените истражувања во регионот на Арктикот.

Норвешката министерка за нафта и енергија, Тина Бру, изјави дека ова проширување на истражувања е потребно за да се заштитат работните места и да се генерираат нови приходи.

Владата во Осло на аукција ќе стави 136 нови локации за истражување на нафта, од кои 125 се наоѓаат во арктичкото Бененцово море.

Норвешка е најголем производител на нафта во Западна Европа и, врз основа на своето енергетско богатство, го создаде најголемиот светски фонд вреден повеќе од трилион долари.

Оваа скандинавска земја го потпиша Парискиот договор за климата и, иако не е членка на Европската унија, се согласи да ги намали емисиите на штетни гасови во согласност со Унијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот