Нови информации за фудбалерот Бове: Нема оштетување на мозокот или срцето

фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Светот го потресе веста откако фудбалерот на Фиорентина Едоардо Бове колабираше на теренот, по што беше пренесен во болница, а сите со нетрпение ги слушаат вестите од Италија. Сега има нови информации за неговата здравствена состојба.

Според италијанска „Република“, Бове нема оштетување.

– Извори потврдуваат дека нема оштетување на мозокот или срцето на Едуардо – пренесува овој медиум.

Се огласи и познатиот новинар Фабрицио Романо кој ја потврди добрата вест.

– Позитивни вести за Едуардо Бове, ноќта помина добро и играчот на Фиорентина беше екстубаран по речиси 13 часа. Едуардо е буден, свесен и одговара на прашања – стои во објавата на Романо.

ВИДЕО | Страшни сцени во Серија А: Прекинат натпреварот Фиорентина – Интер, фудбалер колабираше на теренот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот