Нови инциденти во Албанија, реагира Баша: 30 јуни политичка гробница на Рама (ВИДЕО)

Со камења и шишиња била нападната колоната на возила, со кое се движел албанскиот премиер Рама кон Корча, при што имало и судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Подржувачи на Демократската Партија и Социјалистичкото движење за интеграција синоќа се собрале на националниот пат Корча-Девол, Албанија, чекајќи го албанскиот премиер Еди Рама.

Протестот траел 3 часа, а биле фрлени шишиња и камења кон колоната на возила со кои се движел Рама. При тоа физички се судриле полицијата и демонстрантите, јавува Топ Чанел.

После овие настани, лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша реагираше преку Фејсбук велејќи дека 30 јуни е политичка гробница на Еди Рама.

– Албанците станаа на нозе во националната битка за Албанија како цела Европа. Доста веќе со Албанија која ја сакаат само тие! Сега е време за Албанија на сите Албанци! Ниту еден чекор наназад!, вели Баша во неговата порака, најавувајќи протести за 21 јуни.

Албанскиот престедател Илир Мета пред една недела ги одложи локалните изборите кои беа закажани за 30 јуни, но премиерот Рама не ја почитува таа одлука продолжувајќи со изборна кампања, како и со најави дека изборите сепак ќе се оддржат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот