Нови гласини или нова љубов? Бред Пит долета во Франција во друштво на убавата Германка

Љубовниот живот на Бред Пит не престанува да ја интригира јавноста, а светските медиуми почнаа да пишуваат за неговата наводно нова љубов.

Како што шпекулираат медиумите, 56-годишниот глумец слетал со приватен авион на југот на Франција во друштво на манекенката Никол Потуралски, Германка со полско потекло. Ќе престојуваат на имотот Шато Мирвал, кој во 2011 Бред Пит и Анџелина Џоли го купиле за 67 милиони долари.

И покрај тоа што носеле маски, глумецот и манкенката не успеале да се скријат од упорните папараци.

За младата германска манекенка многумина коментираат дека личи на неговата бивша сопруга Анџелина Џоли, а медиумите веднаш ги истражија деталите за Германката која моментно има договор со агенцијата Некс менаџмент во Лос Анџелес и во Њујорк.

Живее во Берлин и десет години се занимава со манекенство, а медиумите пишуваат дека е полиглот и течно зборува неколку светски јазици.

Дали се ова само гласини или на повидок е нова љубовна романса на холивудскиот заводник, останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот