Нови дрва засадени во Ново Лисиче

Општина Аеродром и „Ротаракт клуб“ − Скопје викендов спроведоа акција со садење дрвја во паркот „Нинберг“ во Ново Лисиче.

 

Станува збор за неколку вида садници: јасен, јавор и платан. Во акцијата се вклучија и дел од членовите на Советот на Општина Аеродром. Вакви акции со засадување ќе продолжат и во наредниот период на повеќе локации низ Општината.

Исто така, ЈП „Паркови и зеленило“ во рамките на есенските активности ги разубави булеварите „Србија“, „Јане Сандански„ и „АСНОМ“, како и парковите засадувајќи висококвалитетни дрвја.

Општина Аеродром најавува повеќе вакви активности со цел зголемување на зеленилото во Општината, што ќе придонесе за почиста и поздрава животна средина за сите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот