Нови детали за убиството во Сараево: Застрелана пејачката Елма (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

Познати нови детали за убиството кое се случи утринава во една сараевска населба.

Како што дознава „Аваз“, жртва е 25-годишна пејачка позната како Елма Милано. Изворот вели дека во кафеаната била организирана забава со жива музика, а девојката била убиена пред објектот со огнено оружје.

Според засега непотврдени информации, наводно убиецот е нејзиното момче.

Полицијата приведе поголем број лица со цел расветлување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот