Нови детали за Турчинот кој го уби Шабан Шаулиќ!

Турчинот Алсин Левент (35) кој е виновник за сообраќајната несреќа во која загина пејачот Шабан Шаулиќ, се уште е во истражниот затвор.

Според Државното обвинителство во германскиот град Билефилд, прашање на денови е кога ќе биде комплетиран извештајот за удесот на автопатот.

Државниот обвинител Кристоф Макел вели дека на јавноста ќе и биде даден и извештај од вештакот за причината на трагедијата која однесе два живота. Покрај легендарниот пејач загина и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ.

-Обвинетиот дефинитивно немал возачка дозвола. За време на истрагата потврдено е дека возачот на маздата Алсин Левент на 17 февруари 2019 година бил под дејство на алкохол и дрога (канабис), изјави државниот обвините Кристоф Макел.

Шаулиќ со тешки повреди беше пренесен во болница, но почина набрзо по приемот. Неколку дена подоцна беше погребан во Белград во Алејата на заслужните граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот