Нови детали за љубовната приказна на Џенифер Анистон и Бред Пит

Instagram

Љубовната приказна на Џенифер Анистон и Бред Пит започна во 1998 година, откако нивните агенти им договориле состанок. Тие за кратко време станаа омилениот пар на Холивуд. По само пет месеци заедно, ја објавија својата свршувачка, а новиот милениум го започнаа со венчавка. Сепак, пет години подоцна, тие се разделија.

Шестнаесет години од нивната разделба, постојано „испливуваат“ на површина детали за нивната љубовна приказна, која сè уште е актуелна тема. Како што пишува британскиот „Дејли Стар“, омилената холивудска актерка и ѕвезда од хит серијата „Friends“ го натерала Пит да апстинира до нивната венчавка.

Instagram
Instagram

Наводно, Џенифер не сакала да брза. Во тоа време, таа сметаше дека ова е најмудрата одлука што можела да ја донесе. Замислете да му кажете на Бред Пит дека мора да се воздржи од секс“, изјавил извор близок до поранешните сопружници за „Мирор“.

Странските медиуми исто така пишуваат дека холивудскиот пар се препуштиле на страстите за време на романтичен викенд во Акапулко, Мексико во 1999 година, само пет месеци пред нивната венчавка.

Instagram
Instagram

Веднаш знаевме дека пронајдовме нешто посебно еден во друг. Бевме неразделни уште од нашата втора средба. Тоа беше едно од оние чудни чувства кога едноставно знаеш дека тоа е тоа“, изјави Анистон за време на нејзината љубовна врска со Пит.

Иако двојката никогаш не ги потврди или негираше тврдењата за наводната деветмесечна апстиненција, Бред во едно интервју откри детали од неговиот интимен живот со Џенифер.

Instagram
Instagram

Имавме огромна мермерна када во нејзиниот дом во Беверли Хилс. Додека ја уредував бањата, ми паѓаа на ум секакви работи… Претпоставувам дека моите мисли во тоа време беа прилично валкани“, изјави актерот во едно интервју во 2001 година.

Која и да била вистината, ја знаат само поранешните сопружници кои до ден денес се во добри односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот