Нови детали за Бове: Повеќе не е интезивна нега, но можеби нема да може да игра фудбал во Италија

Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Добри вести пристигнуваат од Фиренца кога во прашање е фудбалерот Едуардо Бове.

Фудбалерот на Фиорентина ја загрижи јавноста кога во изминатиот викенд падна на теренот и изгуби свест во натпреварот против Интер. Натпреварот како што е познато беше прекинат во 17. минута и засега не е познато кога ќе се доигра.

Бове веднаш беше пренесен во болница каде што му биле направени одредени тестирања. Имено, тој повеќе не е на интезивна него, но ќе остане во болницата со цел да му се направат дополнителни испитувања за да се дознае што е точната причина за срцевиот удар.

Засега постојат информации дека ќе треба да му биде вграден дефибрилатор, ако тоа се случи Бове ќе мора да ја напушти Фиорентина бидејќи Серија А не дозволува настап на фудбалери во таква ситуација.

Ќе потсетиме, токму од таква причина Кристијан Ериксен го напушти Интер. Данецот подоцна потпиша за Брентфорд, додека денеска е член на Манчестер јунајтед каде што пристигна во 2022 година.

ВИДЕО | Страшни сцени во Серија А: Прекинат натпреварот Фиорентина – Интер, фудбалер колабираше на теренот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот