Нови детали од соблекувалната на Јунајтед, ѕвездите му се лути на Солскјер

Солскјер е се поблиску до добивање отказ во Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Поразот на Манчестер јунајтед во градското дерби против Манчестер сити дополнително ја влоши ситуацијата на Оле Гунар Солскјер кој наскоро може да добие отказ.

Челниците на Манчестер јунајтед по убедливиот пораз од Ливерпул од 0:5 пред две недели, цврсто застанаа зад менаџерот Солскјер кого планираа да му дадат шанса да ја води екипата до крајот на сезоната, но поразот од „граѓаните“ ја натера управата сериозно да размислува за смена на Норвежанецот.

Дополнителен проблем за Солскјер претставува и податокот дека според весникот „Дејли мејл“ во соблекувалната има големо незадоволство од работата на менаџерот и еден од најнезадоволните е Бруно Фернандеш кој смета дека не добива доволно инструкции на теренот од стручниот штаб.

Исто така, фудбалерите се на страната на Дони ван де Бек кој сезонава одигра само 16 минути и тие веруваат дека холандскиот репрезентативец заслужува далеку поголема минутажа.

Лут е и Кристијано Роналдо, а тоа се приметува и на теренот каде редовно ги искажува своите фрустрации, но исто така е гневен и поради неверојатно ниските стандарди на тренинзите, пишува „Дејли Мејл“.

Според весникот, со губењето на поддршката во солблекувалната, прашање на време е кога Солскјер ќе добие отказ, а главен фаворит да го наследи е Брендан Роџерс кој прифатил да седне на клупата на Јунајтед.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот