НОВИ ДЕТАЛИ ОД ПАРИЗ: Убиецот на полицајците неодамна преминал на ислам

Фото: Профимедиа

Вработениот (45) во полициската станица во Париз кој денес уби четири свои колеги неодамна преминал на ислам, објави француската телевизија БФМ. Телевизијата откри дека напаѓачот ја прифатил како своја оваа религија пред 18 месеци.

Официјалните лица не објавија ништо околу мотивите за нападот, но открија дека настојуваат да дознаат дали има поврзаност со можен тероризам.

– Напаѓачот со нож уби три полицајци и службеничка во администрација во зградата на полицијата, за потоа да го застрел колега полицаец – изјави парискиот обвинител Реми Хајц.

Уште еден човек е ранет и го оперираат.

Нападот се случи во полициска станица во центарот на франсцуската престолнина, во близина на катредралата Нотр дам, каде е седиштето на неколку главни управи на париската полиција.

Напаѓачот работел во Разузнавачката управа на полициската префектура, во информатичката служба и бил инвалид.

– Осомничениот го започнал нападот во својата канцеларија од која излегол и продолжил да напаѓа на други места во зградата – изјави Лоик Траверс, прв човек на синдикатот на националната полиција за БФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот