Нови детали од МИНАТОТО на принц Ендру: Бил со руската мисица во авионот на Епстајн

Фото: Твитер

Иако британскиот принц Ендру на сите начини пробува да се одалечи од скандалот околу Џефри Епстајн, осудуваниот педофил кој неодамна изврши самоубиство во затвор, во јавноста не престануваат да се појавуваат нови детали околу блудничкиот живот на синот на кралицата Елизабета.

Веќе е познато дека принцот Ендру со години се дружел со Епстајн и дека бил во неговата вила во Менхетн и летал со авионот кој пренесувал девојки за оргии.

Многу познати личности и светски моќници ги користеле услугите на Епстајн и се возеле со тој авион во друштво на девојки, за кои постојат сомнежи дека биле малолетнички.

Сега медиумите пренесуваат детали дека принцот во 1999 година летал со авионот во друштвото на некогашниот мис на Русија, Ана Малова.

Принц Ендру, кој имал 38 години тогаш, патувал со мисицата (27) од приватниот остров на Епстајн од американското копно.

Тогаш на авионот имало 9 патници, вклучувајќи го и Епстајн и неговата десна рака Гилејн Максвер, за кој се верува дека бил главниот макро.

Се шушкало дека Малова, која станала познато лице на светскиот џет-сет, била и девојка на унгарско-американскиот милијардер Џорџ Сорос, меѓутоа, никој од нив двајца никогаш не прокоментирал за тие гласини.

Малова потоа во 2010 година е уапсена за фалсификување на лекарски рецепти и кражба на рецепти од лекарска ординација. Завршила позади решетки во 2011 година, бидејќи закаснила на суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот