НОВИ ДЕТАЛИ ОД ЕКПЛОЗИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Во стан на станбениот комплекс пронајдени плински боци и стара муниција

Фото: Polizei Magdeburg

Во еден стан од зградата во која денес одекна силна експлозија, германската полиција пронајде плински боци и стара воена муниција.

Во експлозијата загина најмалку едно лице, а десетина се повредени.

Станот го изнајмувал 78-годишне маж и се верува дека тој најверојатно е жртвата на експлозијата во станбениот конплекс во градот Бланкенбург, на истокот од Германија.

Полицијата верува дека во прашање била експлозија на гас, а како што пренесува „Ројтерс“, на полицијата ѝ помагаат припадниците на единицата за деактивирање на експлозицивни направи.

По експлозијата, евакуирани се жителите на станбениот блок, како и една градника која се наоѓа во близина. Според информациите, нема повредени деца.

Местото на експлозијата го обезбедила полицијата, која претходно информираше дека во настанот се повредени најмалку 25 лица. Локалните медиуми известуваат дека едно лице е загинато, додека друго се води како исчезнато.

На фотографијата која на Твитер ја објави полицијата може да се забележат последиците од силната експлозија, во станбениот блок на пет спрата кој е изграден во времето на комунизмот во Источна Германија.

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Најмалку 25 повредени, надлежните ги евакуираат жителите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот