Нови детали од апсењето на сопругата на Ел Чапо: Дали поранешната мисица намерно се предаде?

epa07365317 Emma Coronel Aispuro (C) leaves the building after a verdict was reached in the trial of her husband Joaquin 'El Chapo' Guzman at United States Federal Court in Brooklyn, New York, USA, 12 February 2019. Guzman was found guilty on multiple charges of money laundering, directing murders and kidnappings while he allegedly ran a drug cartel. EPA-EFE/KEVIN HAGEN

Сопругата на познатиот нарко-бос Ел Чапо, која во понеделникот беше уапсена во САД, наводно намерно се предала со цел да го „сруши“ картелот Синаола, јавуваат светските медиуми.

Како што пренесува Вајс, Ема Коронел Аиспуро (31), иначе некогашна мисица кога била тинејџерка, беше уапсена заради обвинение за трговија со дрога, а извор на овој портал тврди дека таа била спремна да се соочи со обвиненијата кога слетала во Вашингтон.

Извори на овој медиум, кои барале да останат анонимни, сметаат дека предавањето на Ема би можело да сигнализира договор за соработка, па постои можност дека ќе предаде некои информации за властите, за да си помогне себеси и на својот случај, пренесува Дејли мејл.

Уапсена сопругата на Ел Чапо заради трговија со дрога

Ема Коронел Аиспуро има американско и мексиканско државјанство, а обвиненијата за трговија со дрога се однесуваат на периодот од 2014 година до екстрадицијата на нејзиниот сопруг во САД во јануари 2017 година.

Таа исто така е обвинета дека му помагала на Гузман (63) во неговото бегство од затвор на 11 јули 2015 година, низ тунелот ископан под притворот во Алтиплано во Мексико.

Откако Ел Чапо беше повторно уапсен во јануари 2016 година во Мексико, Коронел наводно планирала негово ново бегство од затвор, пред да биде испорачан во САД во јануари 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот