
Нови детали: Кој е напаѓачот кој со возило во Минхен покоси 28 луѓе
Најмалку 28 лица, меѓу кои и деца, се повредени денеска кога возач со својот автомобил влетал на синдикални демонстрации во Минхен, соопштија германските власти, додавајќи дека се верува дека станува збор за намерен напад и дека напаѓачот, авганистански барател на азил, е уапсен.
Препорачано
Учесниците на демонстрациите на синдикатот на работниците од услужниот сектор ver.di одеа по улица во близина на центарот на Минхен околу 10:30 часот кога автомобил престигна полициско возило што ги надгледуваше демонстрациите и влета во задниот дел на групата.
Полицијата го уапсила осомничениот откако бил испукан истрел во автомобил, изјави заменик началникот на полицијата Кристијан Хубер. Тој додаде дека се верува дека најмалку 28 лица се повредени, од кои некои потешко. На местото на инцидентот може да се забележи оштетено Mini, како и расфрлани предмети на луѓе наоколу.
Осомничениот е 24-годишен авганистански барател на азил, рече Хубер.
Гувернерот на Баварија, Маркус Содер, им рече на новинарите на местото на настанот дека постои сомнеж дека станува збор за напад, многу работи укажуваат на тоа, изјави Содер.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5