Нови демонстрации во Србија, Парламентот го опколи жандармеријата (ВИДЕО)

Илјадници луѓе се собраа во Белград и вечерва, четврти ден по ред пред српскиот Парламент на протести и покрај одлуката на Кризниот штаб да забрани собирање на повеќе од 10 лица, јавиа белградски  медиуми.

Протести има во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ниш, Чачак, Зрењанин, Лесковац, Пирот и Врање, поради незадоволство од сегашната политичка и епидемиолошка состојба во државата. Неколку илјади луѓе се собраа пред Националното собрание во Белград. Група демонстранти ја пробија оградата пред Парламентот, но полицијата успеа да ги отстрани и да го опколи Собранието.

Демонстрантите лице в лице со полицијата распоредена прес собранието на Србија/ 10 јули 2020/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Демонстрантите скандираат „Оставки” и “Србија, Србија” и упатуваат погрдини зборови кон претседателот на државата Александар Вучиќ.

Протестот пред српскиот Парламент моментно е мирен по обидот на сотина агресивни демонстранти да влезат во зградата на Собранието. Кордони на полицијата и жандармеријата се распоредени на приодот во зградата на Собранието и на влезот.

Прочитајте и...  Традицијата во чест на „Св. Пантелејмон" и годинава продолжува на Голак

Полицијата вечерва уапси лице за кое се сомнева дека за време на протестите пред Собранието повредило со нож 39-годишен маж.

Претседателот на Народната партија и еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС) Вук Јеремиќ изјави вечерва дека СзС нема да ги „преземе” граѓанските протести кои се одржуваат низ земјата.

Демонстрантите фрлаа камења, шишиња и факели кон полицијата распоредена пред Собранието/10 јули 2020/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Тој за телевизијата Н1 истакна дека на вечерашниот собир пред зградата на српскиот Парламент во Белград дошол како граѓанин поради „арогантниот настап на Александар Вучиќ”.

– Сите кои сакаат промена на системот треба да ги надминат разликите и како граѓани да се придружат на протестот, а доколку собирот продолжи, ќе донесе и политички резултат, нагласи Јеремиќ.

Тој оцени дека актуелната власт „единствено нема одговор на мирни протести”, повикувајќи ги граѓаните мирно да протестираат.

Прочитајте и...  Србија: 255 случаи со Ковид-19 во последните 24 часа, починаа шест лица

Шефот на државата Александар Вучиќ изјави дека неговите политички противници ги организирале насилните протести во изминатите денови, додавајќи дека доколку продолжат ќе биде тешко да се спречи ширењето на новиот коронавирус во земјата. Се очекува негово обраќање на интернет по повод протестите, јавија белградски медиуми.

Вучиќ од Париз: Мислам дека конечно паднаа сите маски!

Прочитај повеќе

Во Херцег Нови дури 92 проценти помалку туристи од минатата година

Слободен печат

Мета: Време е албанските граѓани да станат господари на својата земја

Слободен печат

Граничната полиција на БиХ спречи 183 мигранти да ја преминат границата

Слободен печат

Во Албанија и денеска високи бројки на новозаразени со Ковид-19

Слободен печат

Повеќе од 30 мигранти спасени во каналот Ла Манш

Слободен печат

Традицијата во чест на „Св. Пантелејмон” и годинава продолжува на Голак

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ПОЖАР ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ЧЕШКА: Најмалку 10 мртви (ВИДЕО)

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот, досега починале 726.415 лица

Слободен печат

Либанскиот премиер повика на предвремени избори

Слободен печат

Српската дијаспора на протести ширум светот (ВИДЕО)

Слободен печат

Макрон: САД треба да реинвестираат во Либан

Слободен печат

Демонстрантите во Бејрут обесија картонски ликови на премиерот и членовите на владата (ВИДЕО)

Слободен печат