Нови цени на горивата

фото Архива

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за  1,28% во однос на Одлуката од 15.2.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.02.2021 година.

 Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,417 ден/кг и сега ќе изнесува 34,759 ден/кг.

 Од 23.2.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95  64,50  (денари/литар)

Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС -98  66,00  (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  55,00  (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  44,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС  34,759  (денари/килограм)

 Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,468%, дизелот за 2,983%, екстра лесното масло за 3,177 % и кај мазутот за 1,94 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,23%.

 

 

Видео на денот