Нови четири жртви од коронавирусот во Грција, вкупно 26 починати и 892 позитивни

Во изминатите 24 часа во Грција уште четири лица починаа од новиот коронавирус, со што во земјата, регистрирани се 26 смртни случаи и вкупно 892 лица заразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставникот за коронавируст од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, на денешната редовна прес конференција соопшти дека во земјата е регистриран 71 нов случај, 54 граѓани се приклучени на апарати, додека пак 42 се пуштени од болница.

Од починатите 26 лица, со исклучок на еден, сите имале здравствени проблеми.

Професорот истакна дека вирусот може да биде сериозен и кај помлади, споменувајќи го вчерашниот случај со смртта на 42-годишен професор од Германија кој престојувал на островот Крит.

Прочитајте и...  Образовна ТВ-серија за учење англиски јазик наменета за средношколци и студенти

Циодрас рече дека кај професорот од Германија се појавила белодробна емболија, „компликација која неодамна беше поврзана со инфекција од новиот вирус”, но и додаде дека станува збор за случај кој ретко се појавува.

Во однос на мерките од владата, Циодрас рече дека во овој момент, прекинувањето би било катастрофално и би се проширил вирусот, но и коментираше дека текот на Грција не е како оној на Италија.

-Текот на епидемијата на вирусот во земјата ќе биде во зависност од мерките и нивното почитување. За сега нема знаци на драстично зголемување. Во никој случај опасноста не е надмината. Уште сме во битката, да не речам на почетокот на битката, рече Циодрас.

Прочитајте и...  Ангеловска: Преку Ковид 2 одобрени бескаматни кредити за 117 фирми со 3001 вработен

Заменик – министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, на денешната прес конференција рече дека 5824 граѓани кои се или контакти на потврдени случаи или пристигнале од странство се во домашен карантин, а од нив 825 веќе ја завршиле седум или 14-дневната изолација.

Од спроведените 1116 контроли на лицата што треба да се во домашна изолација, 92 биле вон нивните домови и им била изречена казна од 5000 евра.

Прочитај повеќе

Белгија има најголема стапка на смртност од коронавирусот заради „непотврдените случаи“

Слободен печат

Царовска: Владата со посебна сериозност ги разгледува барањата на странските инвеститори

Слободен печат

Реисот Сулејман Реџепи разрешен од функцијата

Слободен печат

Спасовски: Вонредната состојба го детерминира датумот на изборите

Слободен печат

Апелација расправа за жалбите за пресудите од 27 април, одбраната бара изземање на судиите

Слободен печат

Димитров: Со координативен пристап ќе ги пребродиме последиците од кризата предизвикана од Ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Златото ја сака кризата: Зошто некога е добро да инвестираме во овој благороден метал?

Слободен печат

Три смртни случаи, 25 новозаболени лица од кои најмногу во Скопје

Слободен печат

Добри вести од Кипар: Доколку сте позитивни на коронавирус за време на одморот, сите трошоци ќе ви бидат платени

Слободен печат

Вучиќ: Одлуката на Црна Гора да не им се дозволи влез на граѓаните на Србија е политичка

Слободен печат

Чулев најтешко го доживувал моментот кога одредени колеги од Владата и од МВР ја злоупотребувале полицијата за остварување на „одредени политички цели“

Слободен печат

Димески: МТСП не постапува по барањето за упис на легитимен претседател на Синдикатот на работниците за сообраќај и врски

Слободен печат