Нови четири играчи на Сампдорија позитивни на коронавирус

фото: твитер

Ваквата информација е потврдена од клубот, воедно сите се во добра здравствена состојба и се наоѓаат во своите домови во Џенова.

Уште четири фудбалери на калчолигашот се позитивни на коронавирус, тие се Омар Коли, Албин Екдал, Антоњино Ла Гумина и Мортен Торсби, како и клупскиот доктор Амедео Балдари.

Оваа вест на Твитер ја објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Да потсетиме, италијанската фудбалска Серија А е прекината до 3 април, а ваквата информација ја потврдија и од клубот.

-Сите тие се во добра здравствена состојба и се наоѓаат во своите домови во Џенова.

Клубот би сакал да повтори дека ги спроведе сите потребни процедури во согласност со законот: сите канцеларии на клубот се затворени, а играчите, клупските службеници и персоналот кои се потенцијално заразени се во доброволна самоизолација дома. Сите спортски активности се суспендирани и суштинските административни и организациски активности се одвиваат далечински.

Претседателот Масимо Фереро, директорите, Клаудио Раниери и тимот бараат од сите построго да ги следат националните и регионалните наредби за да можеме да се справиме со овој тежок период храбро за општо добро. Заедно можеме да го направи тоа. Останете дома – се вели во соопштението на ФК Сампдорија.

Фудбалерите на клубот од Џенова беа тестирани откако во четвртокот беше потврдено дека напаѓачот на Сампдорија, Маноло Габиадини е позитивен на коронавирусот.

Претходно позитивен на овој вирус е Даниеле Ругани, бекот на Јувентус, додека неговиот соиграч Паоло Дибала веднаш демантираше дека е заразен, но се наоѓа во изолација.

Коли е репрезентативец на Гамбија, а член на италијанскиот клуб од јули 2018 кога потпиша договор на четири години.

Потоа, Екдал дојде од Џенова неколку недели после Коли, досега одигра точно 50 натпревари за шведската селекција.

Ла Гумина е напаѓач кој дојде како позајмица од Емполи, а додека Торсби е најмладиот од новите случаи заразени во Сампдорија.

Има 23 години, откако го напушти холандскиот Херенвен, во тимот дојде како слободен играч во текот на минатато лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот