Нови цени на горивата

Горива бензин дизел
Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два, односно 2,5 денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 83,5, а на Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) 74 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 75,5 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС останува 39,779 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,214 отсто, кај дизелот за 1,569, кај екстра лесното масло за 1,616 и кај мазутот за 2,745 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка, пак, е понизок за 0,006 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот